Природно е русокоса, но тоа никогаш нема да го видиме: Тажна вистина - зошто Бела Хадид се фарба во темни нијанси?
Иако природно е русокоса, од почетокот на кариерата во модната индустрија Бела Хадид е бринета, но во прашање не е само вкус...
Откако во 2016 година потпиша договор со агенцијата IMG Models, американската манекенка Бела Хадид постојано оди напред - нејзината кариера оди само во нагорна линија и од месец во месец таа само реди уште поголеми успеси. Најпрестижните светски брендови се борат за Бела да биде дел од нивните ревии, кампањи, а со години важи и за еден од најплатените модели на планетата.
Манекенката често експериментира со својот изглед, особено со косата, па постојано ја менува нејзината должина и нијанса, но една работа е секогаш иста: Бела останува бринета.
Меѓутоа, малку е познато дека со години се фарба и дека всушност таа е природна русокоса.
Тоа не е големо изненадување, кога ќе го земете предвид фактот што еднагодина постарата сестра на Бела, Џиџи Хадид е русокоса, исто како и нивната мајка Јоланда, која и самата се занимавала со моделинг. Меѓутоа, од почетокот на кариерата Бела има темни нијанси на косата, а дури и кога се офарба црвена, таа одбра темна нијанса. Зошто е тоа така?
Џиџи била прва која зачекорила во модната индустрија - првата работа ја добила како 2-годишно девојче, за „Baby Guess“. За разлика од Џиџи, Бела во моделингот влегна откако Џиџи веќе била на насловната страница на магазинот „CR Fashion Book“ и во 2012 година работела на уште една кампања за „Guess“. Бела во интервју за „Allure“ призна дека „не сакала да ја сместат во некој калап, ниту да биде како копија на нејзината сестра“.
„Јас имам и мрачна личност“ - кажа манекенката и додаде дека ѝ имало смисла да се офарба за појасно да ја покаже разликата помеѓу себе и Џиџи.
„Русокосите се многу ангелски. Мојата сестра може да се извлече од било што... Јас се обидувам да бидам кул девојка. Ако се трудиш да бидеш она што не си, тоа со текот на времето ќе се покаже“ - смета Бела.