Пристигна најавата за последното продолжение на филмот „After“: Хардин ќе се соочи со тежок избор (ВИДЕО)
Што ќе се случува со нашата омилена двојка во новото продолжение на овој филм?
Врската помеѓу Хардин и Теса е сѐ само обична и здодевна не. Таквата врска во реалниот живот би била пример за токсична врска од која треба да побегнеш што побрзо, но на филм таквиот однос на сите ни е напнат за гледање.
Оваа година излегува последното продолжение за филмскиот серијал „After“ кој ги воодушеви девојките ширум светот, па и кај нас. Кога овој филм ќе почне да игра во кината, салите се преполни со девојки кои едвај чекаат да видат што ново ќе се случи со Хардин и Теса и дали ќе завршат заедно.
Сега пристигна нова најава за филмот, нов трејлер, кој го прикажува Хардин, кој се наоѓа пред драматичена и емотивна раскрсница. Теса му дава ултиматум за нивната врска. „Ако поминам низ оваа врата без тебе, тоа е тоа“ - јасно му дава до знаење Теса, но каква ќе биде неговата реакција? И дали неговиот одговор на ова ќе го промени сето тоа?
Оваа двојка повторно се соочува со голем проблем кој ќе ги стави на тест нивната врска и нивната љубов. Изгледа дека ова е последниот тест во кој ќе видиме дали врската им е доволно цврства или сите мали нешта што им се случиле досега сепак се преголеми за да продолжат. Толку многу нешта ќе се случуваат во филмот и уште сега е јасно дека ќе биде тензично. За жал, потребно е трпение, бидејќи филмот нема да биде објавен толку брзо. Најавено е дека нема да можеме да го гледаме во кината до есен, почетокот на септември.
фото: Принтскрин / Инстаграм