Пристигнува специјалот за Били Ајлиш од Би-Би-Си: Што сѐ треба да знаете за него?

Пристигнува специјалот за Били Ајлиш од Би-Би-Си: Што сѐ треба да знаете за него?

Објавена во: Stars // Музика

Били Ајлиш можеби малку се има смири на прв поглед, ако ги споредиме успесите од почетокот, но таа во никој случај не се согласува со изјавите дека нејзината кариера пропаѓа, иако тие приказни сѐ повеќе се шират. Пејачката работи на нови проекти во кои можете и да ја слушнете и да ја видите и да ѝ се приближите, а во прашање се проектите на Би-Би-Си кои вклучуваат серија и епизоди во кои таа пее во живо.

Имено, специјалот на Би-Би-Си „Billie Eilish: Up Close“ ќе излезе во сабота на истоимениот канал, а истата вечер, пејачката за „Live Lounge“ ќе ги отпеа сите свои хитови кои долго сакате да ги слушнете во живо. Освен пеење, ќе има и големи интервјуа и сето тоа ќе трае 45 минути.

„Во специјалот ќе го прикажеме интервјуто со Били направено во нејзиниот дом во Лос Анџелес и ќе зборуваме за нејзиното брзо искачување до ѕвездите и пример во светот. Што се однесува до изведувањето на песните во живо, Били освен своите хитови, отпеа и еден „неверојатен кавер“, така што нѐ очекува спектакл!“ - истакнуваа од Би-Би-Си.

Освен што со полна пареа работи со Би-Би-Си, Били објави и дека стигнува и нејзиното онлајн концертно искуство „Happier than Ever: A Love Letter“ на Дизни Плус, а ова шоу ќе вклучува изведување на новите песни во интимен аранжман и атмосфера.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: