Пристигнува Супермесечина: Подгответе се драма во љубовниот живот, но и откривање на големи тајни

Пристигнува Супермесечина: Подгответе се драма во љубовниот живот, но и откривање на големи тајни

Вечерта помеѓу 7 и 8 мај ќе уживаме во последната Супермесечина во 2020 година.

Во астрономијата, Месечината се движи низ различни фази. За време на полната Месечина, на небото изгледа како голема, округла и прекрасна топка. Овогодишната Супермесечина се нарекува Цветна полна Месечина, бидејќи го означува времето кога цветаат цвеќињата.

За добро да го разбереме ова астролошко случување, мораме да ја погледнеме енергијата на Шкорпија, знак во кој Супермесечината ќе го достикне својот врв во лунарниот циклус.

Како фиксен воден знак, Шкорпијата ужива во емоционалниот интензитет и интимности. Овој знак е поврзан со табуа и други скриени работи, па така во комбинација со светлосниот ефект на полната Месечина, веројатно ќе се увидат тајни кои ќе излезат на површина, а ќе се појави и желба која нас ќе не искуши да гп промениме својот досегаш пат во животот.

„Оваа полна Месечина е шанса за сите нас да се трансформираме и еволуирами и да преземеме чекори кон промени“ - вели астрологот Лиса Стардаст.

„Цветната полна Месечина ќе ни ги дополни животите со дополнителна страст. Ќе влијае на сите хорокоспки знаци, но нејзиното делување најмногу ќе го почувствуваат Шкорпиите и Биковите“ - тврди Дона Пејџ, сертифициран астролог од Атланта.

Оваа полна Месечина исто така ќе влијае и на љубовните врски.

Доколку сте во врска, повторно ќе заживее страста помеѓу вас и вашиот партнер, односно повторно ќе се зближите. Блискоста и поврзаноста нема веднаш да избледат, туку подолго време ќе потраат. 

Доколку сте сингл, ќе сфатите што точно сакате од еден партнер, па така ќе можете полесно да го најдете, односно да ги препознаете квалитетите на личноста која на прв поглед ќе ви се допадне.

Со оглед на тоа дека Шкорпијата ќе ја разбуди страста и ги зајакне чувствата, можни се и расправии. Доколку во афект кажете многу непромислени работи, подоцна ќе може да се извлечете од сето тоа.

Во случај едноставно да ја кажете вистината и на тој начин да се соочите со партнерот, тоа би можело да ви помогне да започнете да водите искрени разговори кои ќе ви помогнат конечно да ги решите проблемите кои што ве мачат во врската.


Можеби ќе ве интересира: