Пристигнува уште еден римејк на класик од Дизни: „Актер“ ќе биде куче од азил
Дизниевиот класик „Lady and the Tramp“ од 1955 година добива римејк, а одбирањето на главните актери (кучињата) за филмот е најслатко на цел свет. Имено, во новиот филм ќе глумат териерот Монде и кокер шпаниел Роус.
Монте е куче кое пред година дена бил вдомен од засолниште за животни и неговата приказна е многу трогателна. Најпрво некое време живеел во азилот Halo Animal Rescue. а потоа едно прекрасно семејство го вдомило, кое во него видела потенцијал да стане филмска ѕвезда.
Директорката на Halo Animal Rescue, Хедер Ален, за AZ Central изјавила дека не знаела дека Монте еден ден ќе стане филмска ѕвезда, но и било јасно зошто е дојдено до тоа.
„Едно семејсво го вдоми од кај нас во април минатата години и знаевме дека луѓето, кои размислуваат да го вдомат, сакаат еден ден да стане холивудска ѕвезда. Но, не знаевме за што станува збор, се беше голема тајно. Но, кога ќе размислам, тој навистина отсекогаш имаше потенцијал да стане холивудска ѕвезда.
Кога пристигна кај вас во азилот беше многу пријателски настроен, ги поздравуваше сите покрај кои ќе поминеше, сите ги бакнуваше, сакаше внимание, знаеше да седне кога ќе му се каже и мирно се шеташе“ - објасни Ален. Тој е апсолутно совршен избор за улогата во римејкот на анимираниот класик на Дизни.
Неговиот глас во римејкот ќе го позајми актерот Џастин Терукс, а Теса Томсон ќе го позајми на Роус. Не се знае точниот датум на објавување, но би требало да биде во 2020 година.