Приватно другаруваат, но на youtube водат „војна“ за прегледи!
Младите пејачки Лина Пејовска и Антониа Гиговска се во многу добри односи.Тоа го знаат и птиците на гранките, бидејќи често можеме да ги видиме заедно на настани, но и на приватни забави од кои тие објавуваат фотографии на социјалните мрежи.
Но, денес не зборуваме за тоа. Имено, тие двете имаат направено неколку кавери во студито Al music, кои секако поминаа одлично кај публиката. Интересно е тоа што две изведби на овие млади пејачки („Савршен пар“ на Лина и „Како после нас“ на Антониа) се во тесна борба со прегледите. Лина за околу 40 илјади прегледи ја води Антониа во оваа битка.
Дали конкуренцијата ќе им го расипе другарството или работата ќе ја тргнат подалеку од приватниот живот останува да видиме понатаму.