Професор му направил пренк на ученик кој заспал на час: По ова никогаш нема да спие за време на наставата (ВИДЕО)
Можеби не е толку добра идеја да се заспие за време на час...
Не знаеме како му успеал овој пренк, но идејата е одлична. На сите ни се случува да сме толку уморни додека сме на училиште, што со задоволство би „дремнале“ малку. Знаеме дека тоа не е добра идеја, но некогаш едноставно се случува. На овој ученик сигурно повеќе нема.
Има професори на кои не им е грижа и те оставаат да спиеш на мир, но има и такви кои поради тоа се многу лути, а има и такви како професорот од оваа приказна, кои тоа ќе го искористат како ситуација за забава. Наместо да го казни ученикот, овој професор одлучил да се пошегува со него. Една ученичка го снимила сето тоа и го споделила на социјалните мрежи, а видеото стана вирално, бидејќи идејата е навистина добро реализирана. Наместо да го разбуди и да му мудрува, овој професор ги ангажирал сите ученици од класот да учествуваат во пренкот.
@tainted.doll I can only imagine his reaction when the bell rang and he was sitting in the complete dark alone #fyp #AerieREAL #SmoothLikeNitroPepsi #foryou Elevator Music - Bohoman
На сите им кажал тивко да станат од своите места, да ги соберат своите работи и да се искрадат од училницата, а со тоа да го остават соученикот на спие на мир. Не знаеме како им успеало да се спакуваат и да се искрадат без да го разбудат, но им успеало. Професорот на излегување ги исклучил светлата и ја затворил вратата. Можеме само да претпоставуваме што ли си помислил кога конечно се разбудил, бидејќи за жал девојката која го снимила ова, на профилот нема видео во кое ја снимила неговата реакција.
фото: Принтскрин / ТикТок