Професорка од медицинско училиште постави строги правила: Што не смеат учениците да носат на училиште? (ВИДЕО)
Овие правила се навистина строги, а можеби и престроги...
Топлото време не поттикна да ја извадиме летната облека. Но, во ова училиште таа летна облека сепак открива премногу, бидјеќи добиле известување за тоа што може, а што не може да носат на училиште за време на топлите денови.
Учениците од едно училиште ги дочекала интересна порака, која им ја упатила нивната професорка. Во долгата порака, професорката јавно ги навела строгите правила на облекување, кои треба учениците да ги почитуваат за време на топлите денови.
Во прашање е медицинско училиште, а оваа порака ја објави една ученичка. Професорката навела многу модни парчиња за кои се смета дека се непримерни за на училиште, а тоа се: кратки панталони, кратки здолништа и здолништа над колена, маици или кошули кои откриваат дел од стомакот или грбот, маици или фустани со тенки прерамки и искината облека.
Освен тоа, професорката има неведено дека под непримерно и непристојно облекување влегуваат и хеланките доколку не се носат со подолги туники, маици или кошули со соодветна должина, барем до половина бутини. Што се однесува до обувките, и кај нив има ограничувања, а тоа е дека учиниците не смеат да доаѓаат на училиште со апостолки или влечки.
Доколку некој од учениците прекрши некое од овие правила, професорката навела дека нема да може да присуствуваат на наставата, туку дека ќе седат во ходникот, сѐ додека некој не им донесе примерна облека со која ќе ја слушаат наставата, а часот од кој во тој момент ќе изостанат ќе се смета за неоправдан.
Многумина во коментари ги осудуваат ваквите ригорозни и строги училишни правила и се прашуваат што воопшто може да се носи, со оглед на толку многу забрани. За време на таквите силни горештини, навистина е тешко да се биде во дебела и долга облека за време на часовите, па во таа смисла навистина ги разбираме учениците и нивното незадоволство.
фото: unsplash.com