Пролетен маникир за кратки нокти: Ги издвоивме оние кои одговараат на секоја комбинација (ФОТО)
Барате инспирација за пролетен маникир, а имате кратки нотки?
Убавите нокти се еден од најубавите украси на рацете, а да се има природно долги нокти е многу тешко. Имено, ноктите поради своите тенки текстури се склони кон пукање, а бројните витамини и нашиот организам влијаат на тоа какви ќе ни бидат ноктите. Меѓутоа, тоа денес не е голем проблем, бидејќи постојат одлични маникири кои изгледаат совршено на кратки нокти. Постојат навистина многу опции и бои, а онаа која ќе ја изберете зависи од вас и вашиот личен стил.
Без разлика дали сте верни на минималистичкиот стил или живити тонови, буквално можете да изберете било што. Така, во тренд е класичниот француски маникир, кој изгледа ненаметливо, а вашите нокти негувано. Популарни се и нијансите во боја на кожа кои прават вашите нокти да изгледаат природно и уредно.
Меѓутоа, ако сте љубител на живите тонови, тогаш ви предлага разигран пролетен маникир со цвеќиња. Оваа сезона посебно се популарни розовата и зелената боја, па така станаа и идеален избор за разиграни нокти.
фото: Принтскрин / Инстаграм