Пролетниот маникир на Селена Гомез: Инспирација за девојките кои сакаат поедноставни нокти (ФОТО)
Какви нокти има Селена Гомез?
Новите нокти на Селена се преслатки и доказ дека маникирот воопшто не мора да биде луд и комплициран. Нејзиниот маникир може да изгледа подеднакво убаво на долги и кратки нокти, а без проблем можеш да го направиш и сама.
Селена Гомез не можеме ни да ја замислиме со некој луд маникир и супер долги нокти. Едноставно тоа не е во нејзин стил. Нејзиниот козметичар, Том Бачик, на својот Инстаграм профил ги сподели ноктите кои ѝ ги направил на Селена и мора да признаеме дека се апсолутно пролетни.
Освен Селена, тој им прави нокти и многу други познати дами и редовно ги споделува нивните маникири, па ако некогаш ти е потребна инспирација за следниот маникир, тука можеш редовно да видиш какви нотки носат познатите. Селена за оваа пролет се одлучи за пастелно жолти нокти. Едноставни, а толку слатки.
Ноктите ѝ се со средна должина и природен облик. Дали се нејзините природни нокти или ги продолжила, не е откриено. Вакви нокти без никаков проблем можеш да си направиш и сама, само потребна ти е вистинската нијанса на жолта боја. Иако жолтата некогаш е малку нападна, пастелната верзија е навистина убава и е сосема друга приказна. Изгледа дека Селена сака пастелни нијанси на ноктите, бидејќи и пред овие, имаше исто пастенилни нијанси, само што секој нокт ѝ беше во различна боја.