Придружба за матура која сите би ја посакале: Матурант ја покани познатата пејачка и таа ја прифати понудата (ФОТО)

Придружба за матура која сите би ја посакале: Матурант ја покани познатата пејачка и таа ја прифати понудата (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Сакаш на матура да одиш со некоја позната ѕвезда? Можеби само треба да прашаш!

Не знаеме точно како му успеало ова, но сепак му успеало! Матурант на матурската забава се појавил во придружба на регионална музичка ѕвезда. Сите биле воодушевени, а таа изгледала како принцеза од бајка.

Сакаме приказни во кои познатите личност прават нешто убаво за своите обожаватели. Ова е една таква приказна! Не знаеме како матурантот Срѓан од Бања Лука стигнал до пејачката Милица Павловиќ и ја убедил да му биде придружба на матурската забава, но успеал! Бил ѕвезда на вечерта, бидејќи на овој настан се појавил со една од најпознатите пејачки во регионот.

Воодушевени биле и неговите соученици, бидејќи ова е нешто што дефинитивно не се случува често на матурските забави.

Пристигнале со бела лимузина, а мобилните околу нив без престан снимале. Милица изгледала прекрасно, а фустанот кој носела е направен од дизајнерката Матија Вуица и изгледа идеално за матура. Милица се забавувала со матурантите и танцувала, буквално станала една од нив. На својот Инстаграм профил им се заблагодари на матурантите и на Срѓан и дека не може да верува колкава количина на љубов и сила ѝ дале. 

„Ми беше чест да ја почувствувам вашата енергија, да се дружам со вас и да им посакам на прекрасните матуранти да ги остварат сите свои соништа“ - напиша во рамките на пораката преку која им се заблагодари.

По фотографиите, изгледа дека сите добро се забавувале и дека тоа била една од оние матурски вечери за паметење.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: