Прв го измисли интернет пребарувањето, а не заработи ништо
Британецот Џонатан Флечер, е лицето кое пред повеќе од 25 години го измисли МОЗАИК, првиот интернет пребарувач. Тој со право се нарекува „татко на интернет пребарувањето“ но, ако денес го впишете неговото име на Гугл, ниту еден од резултатите нема да ве одведе до улогата која тој ја имал во развојот на светската интернет мрежа. Флечер, кој денес живее повлечено во Хонг Конг, пред повеќе од 25 години, во компјутерската лабораторија на Универзитетот Cтирлинг во Шкотска, го измислил првиот интернет пребарувач кој имал интерфејс сличен на оној кој го користат Google и Yahoo. Меѓутоа, тој немал никаква корист од тоа. На МОЗАИК имало можност за пребарување на илјадници интернет страни, што за тоа време (1993 година) било во доста голем број. Но, сепак, тоа пребарување било доста комплицирано и не било толку ефикасно.