Првата ќерката секогаш ќе биде женска верзија на таткото: Од кој родител го наследуваме квалитетот на забите, градбата на телото, бојата на очите?
Експертите се сигурно дека гените функционираат точно по овој принцип...
Децата претежно го наследуваат обликот на носот, пределот околу усните, големината на јаболчниците, аглите на очите и обликот на брадата. Ова се клучните области што се истакнуваат при препознавање и забележување на лица, па доколку имате сличност со вашите родители во овие области, сигурно досега повеќе пати имате слушнато: „Ти си копија на мајка ти!“ или „Иста како татко ти!“.
Гените на мајката обично се 50% од ДНК на детето, а гените на таткото ги сочинуваат останатите 50%. Сепак, машките гени се поагресивни од женските, па затоа се поистакнати. Па така, обично има 40% активни женски гени и 60% активни машки гени. Покрај тоа, телото на бремената жена го идентификува фетусот како туѓо тело. За да може женското тело да го спаси бебето, мора да најде мир со агресивните гени на таткото (понекогаш, по цена на сопствените гени).
# Полот на бебето: Полот на идното бебе зависи од мажот. Доколку мажот во семејството има повеќе сестри, ќе добие ќерка, ако има повеќе браќа, ќе добие син.
# Квалитетот на забите: Доколку таткото има проблеми со забите и децата ќе ги имаат истите проблеми. Овде гените се експлицитни - од таткото го наследуваме квалитетот на забите!
# Интелигенција: Ќерките интелигенцијата ќе ја повлечат од двата родители, додека синовите ќе бидат интелигентни на мајката. Меѓутоа, само се наследува само до 40% од интелигенцијата на мајката, остатокот се добива во текот на животот.
# Ментални болести: Со возраста, квалитетот на спермата се намалува. Поради тоа, постарите луѓе може да пренесат мутирани гени на своите деца. Ова го зголемува ризикот од ментална болест, аутизам, хиперактивност или биполарно нарушување.
Мажот на било која возраст, доколку има коронарна срцева болест, веројатно ќе ја пренесе на своите синови.
Доколку мажот се бори со неплодност и зачнувањето е направено надвор од телото, синовите ќе го имаат истиот проблем.
# Дебелината: Тежината кај децата зависи исклучиво од мајката. Доколку мајката е дебела, ќе бидат и децата. Доколку мајката е слаба и децата ќе бидат фит.
# Висина: На висината повеќе влијаат гените на таткото, отколку на мајката. Но, постојат две мерења:
Доколку имате син, земете ја висината на мајката, додајте ја на таткото, а потоа уште 5 центиметри на тој збор. Овој збир поделете го со два и ќе ја добиете висината на вашиот син.
Доколку имате ќерка, на висината на мајката додајте ја онаа на таткото и од збирот одземе 13 центиметри. Поделете со 2 и ќе ја добиете висината на вашата ќерка.
# Бојата на очи: Кафената боја на очи е подоминантна. Доколку еден од родителите има кафени очи, а другиот сина, веројатно е дека детето ќе има кафени. Не е исклучено и детето да има кафени очи, иако родителите имаат сини.
# Дупчиња на образите: се наследуваат во потполност.
# Кадрава коса: Доколку двата родители имаат кадрава коса - ќе има и детето. Доколку еден од родителите има кадрава, а другиот права - детето ќе има прекршена коса.