Први фотографии од синот на Меган Маркл и принцот Хари
Војвотката и Војводата на Саксес станаа родители за првпат. Меган во понеделникот на свет донесе здраво машко дете тешко 3260 грама.
Денеска среќните родители го покажаа преслаткото синче во јавноста за првпат.
-Чувството е магично, пресреќна сум. Ги имам најдобрите двајца мажи покрај себе- изјави Војвотката, облечена во бел едноставен фустан.
Тој е неверојатен и многу смирено бебе- додаде таа. На ова принцот Хари низ смеа заклучи дека не знае од кого ја добил таа карактеристика.