Првиот бакнеж им се случил пред камерите: Кои ѕвезди го скршија мразот јавно?
Иако првиот бакнеж би требало да биде нешто посебно, подеднакво знае да биде и непријатен и чуден. Никој од нас не знае што да прави во тој момент! Нервозата и стравот се секогаш присутни... а, сега замислите сето тоа да треба да го направите пред камерите?
Ние ви направивме листа на ѕвезди кои првиот бакнеж го имале пред камерите. Тие ќе мораат тоа да го гледаат до крајот на животот, а вие во продолжение погледнете за кои ѕвезди станува збор:
# Мила Кунис
Досега и птиците на гранките знаат дека првиот бакнеж на Мила Кунис ѝ бил со Ештон Кучер во серијата „That '70s Show“. „Мислев дека е сладок, како некој модел на брендот Келвин Клајн. Кога сфатив дека морам да го бакнам, станав нервозна. Потајно бев заљубена во него“ - своевремено откри Мила. кој би кажал дека сега се во брак и имаат деца?!
# Селена Гомез
Првиот бакнеж на Селена Гомез бил пред преполното студио за време на снимањето на серијата „The Suite Life of Zack & Cody“, каде морала да го бакне Дилан Спроус. „Се наведнав да го бакнам, но прерано ги затворив очите и му ги промашив половина усни, па така тоа беше најчудниот бакнеж на светот. Но, имав 12 години, па сè е во ред“ - раскажа таа.
# Миранда Косгроув
Првиот бакнеж на Миранда бил во серијата „iCarly“, кога се бакнала со Нејтан Крес. Иако мислиме дека Карли и Фреди биле супер двојка, ова мора да било многу непријатно за малата ѕвезда.
# Викторија Џастис
Слично како и Миранда, и Викторија првпат морала да се бакне - само што на неа ѝ било многу полошо, бидејќи на снимањето на серијата „The Suite Life of Zack and Cody“ морала да се бакне пред студио полно публика. За среќа, Кол Спрус бил нејзиниот прв бакнеж, па целата ситуација поминала лесно.
# Џејсон Доли
Џејсон првпат ја бакнал Кен Панабакер на снимањето на филмот на Дизни „Read It and Weep“, кој го снимил на 14 години. „Бакнежот кој го вежбавме ми беше првиот. Беше навистина кул“ - раскажа тој подоцна.
# Деби Рајан
И првиот бакнеж на Деби бил со Кол Спрус на снимањето на серијата „The Suite Life on Deck“, а актерката изјавила дека ова било чудно искуство. „Бакнувањето со него е чудно, бидејќи ние практично бевме како брат и сестра“ - кажа таа.
# Лора Марано
Првиот бакнеж на Лора бил со Рос Линч во серијата „Austin & Ally“.
# Џош Хачерсон
Актерот првпат ја бакнал колешката Чарли Реј, кога имал 11 години, на снимањето на филмот „Little Manhatten“. „Мојот прв бакнеж во животот беше во Њујорк, кога имав 11 години. Мајка ми дојде со татко ми, за да ме поддржат, бидејќи тоа беше посебна сцена“ - откри тој.