Првиот настап на Цеца Ражнатовиќ: Од овде пејачката стигна до врвот на српската естрада (ВИДЕО)
Тогаш ја пеела песната која денес е еден од најголемите хитови...
Цеца Ражнатовиќ е една од најпопуларните пејачки на српската естрада, а нејзината кареира трае веќе повеќе од три децении. На 9 години првпат имала допир со микрофон кога запеала на една локална свадба и ги воодушевила гостите и уште тогаш било јасно дека ќе направи голема кариера.
Нејзиниот талент прв го забележал, Мирко Кодиќ, композитор и хармоникаш, па уште во 1998 година, на 15 години ѓ го снимила својот прв албум „Цветак зановетак“. Со оваа песна освои и награда за најуспешен дебитант на фестивалот на Илиџа и со големи чекори започнала да го освојува естрадниот врв.
Видеото од нејзиниот прв јавен настап, а воедно можеби и пресудниот за нејзината понатамошна кариера, се појави на социјалната мрежа Инстаграм. Тогаш Цеца имала само 15 години, имала кратка коса до рамена и шишки, била скромно облечена, како вистинско девојче.
Во свечениот син фустан со циркони тогаш пеела за публиката, а овој настап бил нејзиниот влез во естрадниот свет.
фото: Принтскрин / Инстаграм