Прво злато за Македонија: Средношколецот Никола освои златен медал на Балканската математичка олимпијада (ФОТО)

Прво злато за Македонија: Средношколецот Никола освои златен медал на Балканската математичка олимпијада (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Кон почетокот на месец мај, Македонија за првпат освои злато на Балканската математичка олимпијада...

Овој успех на Балканската математичка олимпијада, која се одржа во Аргос, Кипар, го постигна средношколецот Никола Спирковски.

Освен Никола, со медали се вратија и Дамјан Давков и Јан Стојановски кои освоија сребрени медали, но и Алексиј Тасиќ, кој освои бронзен медал. Јасна Илиева и Блаже Суклевски освоија пофалници. 

„Вреди да се напомене дека екипата оваа година го постигна најголемиот екипен успех со освоени 118 поени“ - стоеше во објавата на Фејсбук профилот на Сојузот на математичари на Македонија.


Во продолжение погледнете како изгледаше пречекот на македонската репрезентација:


Се надеваме дека учесниците и во иднина ќе нѐ радуваат со позитивни резултати и ќе претставуваат поттик и мотивација за идните генерации.

фото: Фејсбук

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: