Првпат ќе полниме албум со сликички со наши репрезентативци: Кои млади ѕвезди славеа за победата на Македонија?
Македонската фудбалска репрезентација испиша историја. Конечно ќе игра на Европското фудбалско првенстве кое ќе се одржи следната година.
Голот за пласман го даде легендарниот Горан Пандев, кој скоро 20 години игра во дресот на македонската репрезентација.
Честитките до фудбалските херои пристигнуваа од сите страни - млади и стари, познати и непознати, пејачи и актери, политичари и лекари... а, помеѓу сите нив беа и младите ѕвезди.
# Антониа Гиговска и Иван Јованов
Двојката се приклучи во колоната автомобили и ја поздрави победата на Македонија. Од нивниот автомобил одекнуваше песната „Македонија навива за вас“, која непосредно пред смртта ја отпеа најпознатиот македонски пејач, Тоше Проески.
# Стеффонатор
Популарниот јутјубер во домашна атмосфера го гледаше натпреварот, а на својот Инстаграм профил го сподели моментот од крајот на натпреварот, кога Пандев на колена и прекриен пушта по некоја солза радосница.
# Стефан Лазаров
Ова младо и талентирано момче, кое во моментот е актуелно по одличните видеа кои ги споделува на Јутјуб беше најактивен. Тој воопшто не се обиде да ја сокрие среќата, а она што го порача, веројатно го помислија и другите големи обожаватели на фудбалот: „Првпат ќе полниме албум со сликички со наши репрезентативци“.
Тој исто така го пофали и македонскиот коментатор, Тони Стојановски и порача: „На човеков споменик да му изградат“.