Првпат некоја Кардашијанка да го покаже телото без фотошоп: Набрзо се покаја и фотографиите исчезнаа

Првпат некоја Кардашијанка да го покаже телото без фотошоп: Набрзо се покаја и фотографиите исчезнаа

Објавена во: Мода // Moj стил

Фотографиите кои ги објави предизвикаа многу позитивни коментари, но Кортни не ги задржа на профилот...

Кортни Кардашијан гордо на својот Инстаграм профил објави низа фотографии на кои позира во костим за капење и на кои го покажува своето тело без ниту еден филтер и Фотошоп.

Всушност, барем така изгледаше - дека оваа убавица, храбро и гордо се покажа себе без корикции, но потоа сè се сруши, бидејќи фотографиите исчезнаа.

Ѕвездата на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“ ги отстрани од профилот, иако предизвика лавина позитивни коментари.

„Изгледа толку самоуверено и сигурно во себе, многу ми се допаѓа“, „Природна, преубава“, „И еве доказ дека Фотошопот е застарен, доста веќе со тоа“, „Ти си ми најдрага од сестрите, бидејќи си реална“, „Објасни им на сестрите дека ова е закон, доста ни е од лажење“ - се само некои од коментарите.

Сепак, објавата која за еден час доби повеќе од 1,2 милиони лајкови и илјадници кометари, беше избришана.

Тоа дополнително ги зачуди сите, бидејќи Кортни порано се заложуваше и ја поттикнуваше природната убавина на жената, па затоа не ги фотошопираше насилно недостатоците како што се стриите, кои ги нарекува свои мали ленти.

Исто така, откако доби неколку килограми повеќе, изјави дека е горда на своето тело:

„Има моменти во кои се грижам за она што луѓето го зборуваат, а од друга страна има и такви кога воопшто не се замарам. Константно работам на својата самодоверба и се потсетувам дека негативните коментари доаѓаат од луѓе кои воопшто не ме познаваат и не се наоѓаат во мојата ситуација“.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: