Психолог предупредува: Вака родителите влијаат на нетпеливоста меѓу децата која доведува до трагедија

Психолог предупредува: Вака родителите влијаат на нетпеливоста меѓу децата која доведува до трагедија

Објавена во: Совети // Семејство

Бриталното убиство во угледното шабачко семејство ја потресе Србија. Осомничен за убиството на 24 - годишното момче е неговиот 4 години помлад брат.

За тоа зошто настануваат несогласувања помеѓу браќата и сестрите, српски Телеграф поразговара со психологот Александра Јанковиќ. Ја прашаа што треба родителите да направат кога ќе ги забелажат првите знаци на нетрпеливост помеѓу децата.

„Родителите мора да работат на превенција кога ќе забележат знаци на несогласување помеѓу браќата и сестрите. Меѓутоа, доколку таа веќе постои, тогаш мора сериозно и конкретно да се разговара со децата - што е тоа што им представува проблем, поради што настануваат конфликтни ситуации, итн. Честа причина за тоа е борбата на децата за родителската љубов и внимание“ - истакнува Александра во разговорот.

Како што вели, фаворизирањето на едното дете може да допринесе за нетрпеливост.

„Дали нетрпеливоста ќе настане зависи од тоа каков е семејниот систем, бидејќи доколку едно дете е „фаворит“ кај родителите, другото се чувствува загрозено, неинтересно и пробува на било кој начин да дојде до родителското внимание и интересирање. Од ова произлегува дека треба да се обрне внимание на тоа колку родителите со својот став предизвикуваат напнатост помеѓу децата. Она што задолжително треба да избегнете е споредување на децата во смисла 'твоајта сестра е поуспешна и го постигна тоа и тоа, а ти не можеш да го постигнеш ни тоа основното', итн. Не треба да ги доведувате до ситуација во која тие меѓусебно ќе се борат, иако тоа е често неминовно“ - смета Александра.

Ставот на родителите овде е од витално значење, бидејќи тие мораат да се преиспитаат колку имаат придонесено за конфликтите, бидејќи децата рефлектираат на она што родителите со својот став го прават, па постарите браќа и сестри често мислат дека се „главни“ и „посупериорни“ во однос на помладите.

„Тоа се случува затоа што првото дете секогаш на одреден начин е попривилегирано, бидејќи тоа прво било само со родителите и го имало целото внимание. Доколку подолго бил единец, толку неговата позиција е поекслузивна. Меѓутоа, првото дете можеби го имало целото внимание, но воедно имало и разни оптеретувања во смисла дека го пробивало ледот за многу работи, па на младото дете животот често му е полесен бидејќи родители веќе еднаш го поминале тоа“ - заклучува психологот Александра Јанковиќ во разговор. 

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: