Работел во пекара, на „Х-фактор“ го однела мајка му, а случајно стана дел од „One Direction“: Како „настана“ Хари Стајлс
Младиот пејач за релативно кратко време нанижа големи успеси и се смета за многу пообожуван од Џастин Тимберлејк, Роби Вилијамс, па и Бред Пит...
Хари Стајлс е роден на 1 февруари 1994 година и вчера го слави својот 27 - ми роденден. Тој израснал во Холмс Чапел со неговата мајка Ен Твист и очувот Робин, полубрат и сестра, а покрај училиштето работел во пекара. Според странските медиуми, тој го покажал својот талент уште од најрана возраст, а пример му бил, ниту помалку ниту повеќе - Елвис Присли и, се разбира, британските „Битлси“.
„Кон ѕвездите“ тргна во 2010 година кога неговата мајка го пријавила за „Х - Фактор“, при што, според членовите на жирито, тој бил „вметнат“ во групата, наскоро позната како „One Direction“. Сепак, тие не победија на музичкото натпреварување таа година, но сигурно станаа еден од најголемите бендови.
Шест години подоцна, кога групата веќе не беше активна, Хари ја основа својата музичка куќа и продолжи да постигнува успеси во тој домен. Девојките, но и жените веќе беа многу луди по него, особено Тејлор Свифт, со која беше во врска од есента 2012 година до јануари 2013 година. Сепак, нејзиното име не е единственото познато што се најде на „романтичната листа“ на еден од најбогатите млади музичари во Велика Британија. Имено, наводно на неговиот шарм паднале и Кендал Џенер, Сара Сампајо, Камила Ро, Нејдин Леополд, како и Каролин Флек.
Флек беше почестена од Стајлс на 40 - тото доделување на наградите „Брит“, носејќи црна лента за време на емотивниот настап, за љубовта за која Велика Британија во никој случај не беше подготвена. Кога првпат започнаа да се забавуваат, Хари имаше 17, а таа 31. Водителката беше пронајдена мртва во нејзиниот стан девет години подоцна. Постојат сомневања дека таа извршила самоубиство по тогашната бурна љубов.
За време на неговата веќе раскошна кариера како музичар и актер, Хари одвреме - навреме со јавноста споделуваше некои информации од неговиот приватен живот, поради што стана миленик на многумина. На пример, тој отворено призна дека обожава романтични комедии, па ги наведе „LOve Actually“, „Титаник“ и „Notebook“ како омилени филмови. Ова не помина незабележано и малкумина останаа имуни на неговата понежна страна.
Тој вели дека неговата облека се користи за забава, а благодарение на неговиот специфичен стил, тој стана првиот маж на насловната страница на „Вог“. Ова ја прекина традицијата стара 127 години - Хари позираше во фустан и тоа беше тоа! Патем, уште во 2012 година, едно списание му го додели 18 - то место на листата најсекси мажи, па дури и на таа позиција важеше за далеку попосакуван од Џастин Тимберлејк, Роби Вилијамс, па дури и Бред Пит. Инаку, Хари скоро никогаш нема соблечено маичка во јавноста, бидејќи има четири брадавици.
Покрај тоа, пејачот има страв од змии (офидиофобија) и зборува во сон (сомнилокија).
Стајлс еднаш отворено рече дека нема да биде со девојка која користи пцовки, пуши цигари и која не остварува добар контакт со членовите на неговото семејство. Од добро познатите имиња, особено и е наклонет на Адел и призна дека би сакал да биде во врска со неа