Работи кои лесно ќе ти го поправат расположението!
Не си добро расположен/а? Ништо не може да те развесели? Ти треба инстат доза на енергија! Пробај нешто од ова...
# Гледај стари фотографии
Научно е докажано дека луѓето кога гледаат фотографии, со кои ги поврзува нешто позитивно, веднаш се чувствуваат подобро. Во еден албум собери ги сите такви фотографии и кога ќе бидеш лошо расположен/а, гледај ги.
# Чувај деца
Навистина е забавно да гледате како малите деца го откриваат светот. Нивната опуштеност ни овозможува некое време да заборавиме на проблемите. Доколку немаш деца во своето семејство, сигурно во комшии има пар на кој му е потребна мала помош околу детето. Убаво ќе си поминеш, а можеш и да заработиш.
# Наспиј се
Доколку твоето тело има доволно време да го обработи насобраниот стрес, ќе му биде подобро. Добро ќе ти дојде еден ден да се одмориш со 10 часа сон. Пробај.
# Насмевни се
Дури и кога не ти е до смеење. Смеењето го стимулира дишењето, а додека се смееме организамот добива повеќе кислород. Тоа го јакне имунитетот и ја намалува болката. Погледни некое смешно видео на Јутјуб доколку не можеш да се насмееш без причина.
# Награди се
Дозволи си нешто ќе те направи среќен/среќна. Наполни ја кадата, организирај ден за разубавување за себе и другарката, прочитај некоја добра книга и танцувај.