Работи кои станаа екстремно популарни само поради филмовите и сериите: Одеднаш сите ги засакаа
Да не бил тој филм или серија, ова никогаш не би било толку популарно...
Дали и ти имаш полудено за некоја од овие работи откако си ги видела на филм или во серија? Сигурно секој има некоја ситница која ја видел на филм, а ја посакал да ја има во животот. Можеби тоа е некој предмет, фризура или модно парче.
Ова само покажува каква моќ имаат филмовите и сериите, а за тоа не си ни свесна. Еднакво како што и ти имаш посакано нешто што си го видела на омилениот лик, така истото им се случило и на илјадници други гледачи. И потоа таа ситница одеднаш станала популарна и сите почнале да ја носат. „Brightside“ издвои неколку работи кои станале популарни благодарение на сериите и филмовите. Доколку тие работи не сме ги виделе на малите екрани, денес не би биле тука и не би знаеле сите за нив и не би носеле.
# Ланче со сопственото име какво што носеше Кери во серијата „Сексот и градот“
Модниот додаток кој стана популарен благодарение на Кери е ланчето со сопствено име. Ова е нешто што е толку популарно, што се носи и денес. Кога излезе серијата, одеднаш сите девојки сакаа нешто такво.
# Фризурата на Рејчел од „Пријатели“
Еден куп девојки и порано ја шишаа косата и правеа фризура како на Рејчел. Сега нејзината фризура повторно се врати во мода и фотките од овој лик се носат кај фризерите.
# Венче како Блер од серијата „Gossip Girl“
Оваа серија за многу девојки беше голема модна инспирација, а особено двата главни лика - Блер и Серена. Блер го врати во мода носењето на венчиња и го направи овој „детски“ додаток многу женствен.
# Шахот како хоби поради серијата „The Queen's Gambit“
Не станаа само одредени предмети популарни поради сериите, туку и хобија се тука! Кога пред две години излезе оваа серија, многу луѓе полудеа за шахот и посакаа да научат да играат. „Гугл“ експлодираше од големите пребарувања за истите поими - туторијали како се игра шах. Побарувачката за сетовите за шах се зголеми како никогаш досега.
# Малиот црн фустан поради Одри Хепберн од филмот „Breakfast at Tiffany“
Иако филмот излезе во 1961 година, модниот печат кој остана зад него и денес е тука. Одри го прослави малиот црн фустан, модно парче кое стана класика за сите времиња.
# Диско музиката стана многу популарна благодарение на филмот „Saturday Night Fever“
Јасно ти е колку голема улога имаат филмовите кога помогнаа еден музички жанр да стане популарен. Џон Траволта во тоа помогна навистина многу.
# Карирани костими со здолниште поради филмот „Clueless“
Уште еден филм кој е вистинска модна инспирација е „Clueless“. Особено легендарна стана модната комбинација која ја носеше Шер, а која се состои од карирано здолниште и сако.
# Сладолед и романтична комедија како лек за скршено срце поради филмот „Bridget Jones“
Бриџет обожува сладолед. Кога има љубовни проблеми, ги лечи така што зима кутија сладолед и седнува пред телевизорот. Овој начин како лек за скршено срце, стана навистина популарен.
фото: Принтскрин / Imdb