РАДОСТ ЗА УЧЕНИЦИТЕ: Зимскиот распуст е продолжен!
Поради големото загадување во државата, а најмногу во главниот град, Скопје, Владата на Република Македонија донесе одлука за продолжување на зимскиот распуст.
Оваа вест ги израдува сите ученици и истите ќе уживаат во слободните денови уште два дена.
„Одлука се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена преку координација на Министерството за образование и наука, Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство. Продолжување на трањето на зимскиот распуст за сите ученици ќе трае во времетраење од 2 дена, заклучно со вторник 22 јануари 2019 година. Училиштата ќе бидат во функција, учениците нема да посетуваат настава во наведениот период“ - соопшти прес службата на Владата.
Владата, а пред се и министерствата ќе ја следат состојбата врз основа на која се донесе оваа одлука. Освен оваа се донесени и низа други мерки за заштитата од зголемените концентрации на загадувачките честички во воздухот.