Рафаел Надал помага при чистењето во Мајорка после поплавата
Првиот тенисер во светот, Рафаел Надал, помагаше при чистењето на улиците во неговата родна Мајорка откако местото претрпи тешка поплава. Поплавата се случи во средата, а имаше и жртви - десетмина се мртви, а има и повредени и исчезнати лица.
Иако повреда го спречи Надал да игра во Шангај, таа не беше доволна да го спречи да излезе и да им помогне на сонародниците во овие тешки мигови. Со гумени чизми и метла во рака, се бореше против калта.
Освен тоа, „Кралот на земјата“ ги отвори вратите на неговата тенисерска академија за жртвите од поплавите кои останаа без кров над глава.
Photo credits: Jordi Cotrina/ El Periodico