„Ракот на мајка ми е вистински проблем“: Емотивна посвета на пејачката

„Ракот на мајка ми е вистински проблем“: Емотивна посвета на пејачката

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Тејлор Свифт го објави својот седми студиски албум „Lover“, а нејзините обожаватели се највозбудени од песната „Soon You`ll Get Better“, посветена на нејзината мајка која по втор пат се бори против ракот...

"Очајните луѓе се пронаоѓаат во верата, па сега му се молам на Бога. Но, со кого ќе разговарам? Што да правам, ако те нема тебе тука", пее Тејлор во новата песна.

Пред четири години, пејачката јавно изјави дека има семејни проблеми и дека и двајцата нејзините родители се борат со рак, но нејзината мајка Андреа по втор пат се бори со најопасната болест денес.

„Ракот на мајка ми е вистински проблем. Бев загрижена за нејзините дневни подеми и падови. Ги менувам сите грижи, стресови и молитви за вистински проблеми“, изјави Тејлор.


Пејачката во песната „Soon You`ll Get Better“ пее за нејзината прва посета кај онкологот, како нејзината мајка ги обожава медицинските сестри кои доста добро ја третирале и биле многу фини, и за тоа како ја реновирала кујната пред нејзината мајка да се врати од болницата за да се чувствува поудобно во новиот простор.

„Сакам да ви кажам дека кој и да ја одиграл вашиот живот улогата на мајка, токму тој ве направи вас вистински и вие треба да сте благодарни за тоа“, заврши Тејлор.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: