Рано е: Познатата актерка не ѝ дозволува социјални мрежи на својата ќерка
Актерката Џенифер Гарнер со поранешниот сопруг Бен Афлек има две ќерки, Violet и Seraphin, но и синот Samuel, а призна дека не сака најстарата ќерка да има сопствен профил на социјалните мрежи.
„Тоа е навистина голем проблем. Мислам воопшто не е здраво тоа окружување за младите девојки и дека притисокот е преголем. Сакам максимално да го одложам тој момент“ - искрено раскажа актерката.
Гарнер за FemaleFirst раскажа дека со Violet многу разговара за тој проблем и дека и дозволува да има пристап до социјалните мрежи, но само од нејзиниот профил.
„Можеби е малку лицемерно што јас ги користам истите работи кои и ги забранувам, но навистина верувам дека вака е подобро за неа“ - рече Џенифер.