Раскина најмистериозната двојка во светот на познатите: Тејлор Свифт е повторно слободна
Откако медиумите ѝ го нарушија имиџот и ја прогонуваа на секој чекор, пејачкaта реши повнимателно да ја крие својата приватност...
Според пишувањата на порталот „Entertainment Tonight“, кантавторката Тејлор Свифт и британскиот актер Џо Алвин ја прекинале 6-годишната врска.
Тие наводно се разделиле пријателски и мирно, а медиумите пишуваат дека нивната разделба била многу дискретна, исто колку и нивната врска. Двојка се разделила пред неколку недели и уште имаат одличен однос.
„Не беше драматично. Врската само го „отслужи своето“.“ - кажа за „Page Six“ извор близок до Тејлор и Џо.
Пред извесно време, медиумите пишуваа дека Алвин е полн со поддршка за својата сакана и дека планира да ја следи на нејзината голема светска турнеја, секогаш кога обврските ќе му го дозволат тоа.
Тејлор Свифт и Џо Алвин беа во врска во 2016 година, а таа во повеќе свои песни, ги има опишано емоциите кои ги има кон Британецот.
фото: ProfimediaПејачката и композиторка од почетокот на кариерата е мета на папараците и јавни осуди, бидејќи имаше повеќе врски со познати мажи. Таа беше во пократки или подолги врски со Калвин Харис, Хари Стајлс, Конор Кенеди, Џејк Гиленхал, Тејлор Лотнер, Џон Мајер, Џо Џонас и Том Хидлстон, а бидејќи јавноста беше свесна за нејзиниот љубовен живот, таа често се соочуваше со многу непријатни коментари, какви сигурно не би ги добил маж кој би бил на нејзиното место.
Заради ваквиот имиџ, таа стана многу внимателна во експонирањето на својот приватен живот, па така врската со Алвин ја чуваше во тајност. Двајцата се трудеа да ја заштитат својата љубов од јавноста, а актерот во интервју за „Вог“ во 2018 година изјави дека луѓето се многу љубопитни во врска со нивните односи.
Инаку, тие никогаш не се имаат појавено заедно на црвените килими, и кога присуствуваа на ист настан, доаѓаа одвоено, а многу ретко одговараа на прашањата кои се однесуваа на нивната врска.
Минатата година се пишуваше дека се вериле, а Алвин тогаш искоментира дека денес би имал многу пари кога би добивал по една фунта секогаш кога ќе слушнел дека ја запросил Тејлор.
„Вистина е дека тоа никогаш не би го потврдил, а ни демантирал“ - кажа тогаш актерот за „Wall Street Journal“.
Поради трудот за да ја сокријат својата љубов и деталите за неа, ги прогласија за најмистериозна двојка во светот на познатите, а изгледа дека таква ќе биде и нивната разделба... Сепак, бидејќи Тејлор често пее за своите разделби и поранешни врски, нема сомнеж дека еден ден ќе дознаеме барем дел од нивната приказна.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Profimedia