„Растури“ со големиот хит на Тоше Проески: Работник во комунална хигиена стана ѕвезда на социјалните мрежи
Работник од комунална хигиена со „Боже, брани је од зла“ од Тоше Проески ги воодушеви корисниците на социјалната мрежа Фејсбук...
Неодамна е објавено видео кое е снимено во околината на Зелени венац во Белград, а на него се појавува еден работник од комунална хигиена, кој запеа и ги наежи сите што го слушнаа во тој момент.
На почетокот на видеото го прашуваат кој му е омилен пејач, а потоа момчето започна да ги пее стиховите од познатата песна на Тоше Проески, „Боже, брани је од зла“.
Во видеото во продолжение слушнете како момчето ја отпеа оваа песна:
Ваков талент не се среќава секој ден, а тоа го забележаа и луѓето на социјалните мрежи, па покрај видеото имаше само коментари со пофални зборови за ова момче, а еден од нив гласеше: „Во старт е подобар од половина естрада“.