Размислувате да се шишате: ТикТокерка има супер трик за како да процените дали подобро ви стои долга или кратка коса?

Размислувате да се шишате: ТикТокерка има супер трик за како да процените дали подобро ви стои долга или кратка коса?

Објавена во: Мода // Moj стил

По капењето и сончањето, косата секогаш се суши, па добро е малку да се скрати, а со доаѓањето на есента, на многумина им паѓа на памет да направат голема промена, кога е фризурата во прашање. Ако имате идеја да ја скратите долгата коса, но не можете да соберете храброст да одите на фризер, бидејќи не знаете како ќе ви стои, пробајте го овој трик.

Ејми Чанг, инфлуенсерка за убавината, сподели еден трик кој ги воодушеви нејзините следбеници. „Има еден метод што може да ви открие дали ви одговара кратка коса или не. Сè е во брадата и вилицата“ - го започнува Ејми видеото.

Потребни ви се само две пенкала и летна за мерење. Едниот молив ставете го под брадата, а другиот на почетокот на увото или на ушната школка. Измерете го растојанието помеѓу овие две пенкала.

Ако разликата е поголема од 5,7 сантиметри, тогаш долгата коса ви одговара повеќе, и ако разликата е помала од таа бројка, тогаш бидете сигурни дека пократка коса ќе ви стои добро.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од 3 милиони пати, а следбениците се воодушевени од овој совет, што е многу лесно да се испроба, пишува The Sun.



Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: