Рецепт за банана леб: Изолацијата ја поттикна 11 - годишната Јована да влезе во кујна
По повод иницијативата на Женски Магазин #ГотвимеДомаСоЖенскиМагазин за првпат се приклучи и една млада дама, шестооделенката Јована од основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Таа со сите нас го сподели рецептот за вкусен банана леб.
СОСТОЈКИ:
3 банани
1 шолја шеќер
2 јајца, матени
1/2 шолја растопен путер
2 шолји брашно (или 1 ако користите црно брашно)
1 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол
1 лажичка цимет
Чоколадни топчиња (по желба)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Изгмечете ги бананите во голем сад, додадете ги јајцата и маслото, убаво мешајќи за да добиете единечна смеса.
Потоа измешајте ги сувите состојки заедно и додадете ги на миксот со банани. Измешајте повторно за да добиете единечна смеса. По желба може да додадете чоколадни топчиња.
Истурете ја смесата во калап за колач и печете 55-60 минути.
Браво за Јована и добар апетит! Дечки ајде направете го омилениот рецепт со вашите мајки, ова е одличен начин на забава додека сме во домашна изолација!