Рецепт за избелување на заби од 3 намирници: Дури и стоматолизите велат дека ова е во ред
Некогаш ваквите трикови не се баш сигурни за користење, но за овој експертите дадоа зелено светло...
Кога би можеле да ги избелиме забите дома наместо да мораме да ги плаќаме различните уреди, стоматолози и прескапите пасти за заби кои потоа не ни даваат добри резултати, сигурно би го правеле тоа. Наводно постои еден начин кој навистина ги белее забите, но и кој нема да им наштети. Тоа е многу важно, бидејќи не сакаш да ги избелиш забите, но и да ги уништиш. Ова секако не е паметно да се прави секој ден, бидејќи тогаш сигурно ќе си ги уништиш забите. Треба да се следат упатствата кај ваквите работи. Сега се појави еден тренд - мешавината од киви, краставици и сода бикарбона ги белее забите.
@creative_explained Cucumber Kiwi Magic #whiteteeth #lifehack #hack #trick #tips #teethwhitening #natural #learnfromme #alwayslearning #magic #teeth #diy #wow #hacks
HipHop - Instrumental - Glad2Mecha & Ill Treats
Сите намирници измешајте ги во сад и направете паста со која подоцна ќе ги миете забите двапати неделно. Ова ќе ви ги избели забите! Киселините од кивите и краставицата во комбинација со сода бикарбоната ќе ви помогнат да ги отстраните дамките од забите и да изгледаат помалку жолти. Ова е сигурно додека не го користите секој ден - во тој случај не е. Лицето кое го сподели овој трик посочи дека ова го практикува само два дена во неделата, а стоматолозите истканаа дека е во ред за пократок период од околу 10 дена, а по нив употребата треба да се разреди уште повеќе. Советот на стоматолозите е да го користите еднаш дневно во период од 10 дена по ред, а потоа да ја намалите употребата. Со практикување еднаш или двапати секој месец е доволно за да го одржите резултатот.
фото: Roman Samborskyi / Shutterstock