Рецепт за здрава Кока Кола од две состојки: Девојка се колне дека вкусот е идентичен на вистинската (ВИДЕО)
Дали ќе го испробаш овој рецепт?
Најверојатно не постои газиран пијалок кој на било кој начин е здрав, но оваа девојка направила своја домашна Кока Кола, за која тврди дека е здрава. Сите состојки сигурно ги имаш дома, па би можела да ја испробаш и ти!
Можеби звучи лудо, но оваа деовјка се колне во рецептот за здрава Кока Кола. Тврди дека вкусот е идентичен како кај обичната Кока Кола, но дека состојките кои се користат за неа се многу поздрави. Освен тоа, таа напоменува и дека тој совет за рецепт ѝ го дал тренерот по пилатес, кој тој напиток го пие скоро секој ден. Во прашање се само две состојки кои поголемиот дел од нас ги имаме сите дома, а тоа се балсамико оцет и било каква газирана вода или пијалок. Ако сакаш Кока Кола, можеби овој пијалок ќе ти се допадне, особено бидејќи девојката тврди дека вкусот е скоро па идентичен со вистинската Кока Кола.
@mandyvjones @LaCroix Sparkling Water original sound - Amanda Jones
Сѐ што треба да направиш е во чаша да ставиш малку балсамико оцет, како што прави девојката на видеото, но важно е во чашата да има мраз. Потоа, во чашата ќе додадеш било каков газиран пијалок, како газирана вода или газирана вода со некој вкус и потоа сето тоа добро да го измешаш.
фото: unsplash.com