Речиси го расплака цел свет: Сите ѝ се смеат на Бела Хадид поради разгалените изјави

Речиси го расплака цел свет: Сите ѝ се смеат на Бела Хадид поради разгалените изјави

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Манекенката Бела Хадид во последното интервју ја насмеа цела планета. Таа изјави дека страда во последните две години, односно од почетокот на корона вирусот затоа што повеќе нема личен стилист и сама треба да ги избира своите комбинации.

Бела и претходно јавно кажа дека има проблеми со менталното здравје, но многумина беа зачудени кога го наведе фактот дека повеќе нема стилист. Таа во интервју за магазинот WSJ изјави дека психички е во чуден период.

- Прилично ми е комплицирано сама да изберам комбинација на облека. Дополнителен проблем е што имам вознемиреност бидејќи папараците можат да бидат веднаш зад аголот - се пожалила манекенката и предизвикала критики кај луѓето кои ја потсетувале дека луѓето ширум светот секојдневно умираат од корона вирус и се борат со многу посериозни психички проблеми и предизвици.

Сосема е прифатливо на познатите личности да им пречи преголемото внимание од јавноста што го добиваат. Сепак, мало и наивно е да се мисли дека некој кој изградил кариера на својот изглед, да може така лесно да се ослободи од вниманието кога му одговара, ѝ рекле многумина.

Сепак, и покрај „непремостливата“ пречка во форма на фотограф, манекенката конечно сфатила дека на 25 години може да се облекува како што сака.

- Минатата година сфатив дека и да зборуваат луѓето за мојот стил, сакале или не, тоа не е важно бидејќи тоа е мој стил. Единствено на што размислувам кога ќе излезам од дома е дали сум среќна или не, а друго не ме интересира - изјави Бела.

Минатата година Бела преку Инстаграм ја сподели со светот својата борба со депресијата и анксиозноста уште од тинејџерските денови.

- Мојата социјална анксиозност некако полека навлезе во мојот живот и ме следеше до дваесеттите. Сè потешко ми беше да излезам од дома ако не пијам нешто за да си ги смирам нервите, поради што веќе не сакав ни да излегувам, па само хибернирав меѓу работните места - напиша таа под фотографии на кои плаче.


Фото: Инстаграм - Бела Хадид

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: