Бела Хадид во солзи: Објави фотки на кои плаче со кои испрати важна порака

Бела Хадид во солзи: Објави фотки на кои плаче со кои испрати важна порака

Објавена во: Мода // Moj стил

Бела Хадид, една од моментално најбараните манекенки на светот, објави неколку фотографии на кои е расплакана, откривајќи дека често се чувствува несигурно и анксиозно.

Младата сестра на Џиџи Хадид наведе дека иснпирацијата за објавување на фотографии од тешкиот период во животот ѝ се јавила кога ќерката на Вил Смит, Вилоу, проговорила за сето она низ што поминувала.

Бела на Инстаграм псодели серија фотографии на кои е во солзи, а потоа им се обрати на следбениците.

„Вилоу, те сакам тебе и твоите зборови. Поради нив се чувствувам помалку засрамено и затоа сакам да го објавам ова. Понекогаш сè што мора да слушнете е тоа дека не сте сами. Затоа ви велам - не сте сами. Сакам да знаете дека секогаш има светлина на крајот од тунелот и дека ролеркостерот во некој момент секогаш во потполност застанува“ - напиша помеѓу останатото познатата манекенка.

Бела во јануари оваа година проговори за својата борба со тешката депресија и анксиозност, со кои се бори уште од тинејџерските денови.

Призна дека направила пауза од социјалните мрежи за да може да се сконцетрира на своето ментално здравје.

„Одвојте време за вашето ментално здравје. Секогаш се исплати да го искористите својот потенцијал во потполност“ - порача тогаш.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: