Рејчел, Моника и Фиби како модни икони: 8 нивни модни комбинации кои и денес се во тренд (ФОТО)
Тие одлично ја завршија работата, кога е модата за време на снимањето на серијата во прашање...
Серијата „Пријатели“ е снимена пред многу години, но се прикажува и денес. Тоа не е чудно, бидејќи таа е неверојатно популарна и многу години по нејзиното снимање, а комбинациите на главните актери докажуваат како модата константно се рециклира.
Малку кој не знае за Рејчел, Моника и Фиби. Но, иста така веројатно не постои личност која не знае за нивниот впечатлив и добар моден стил, кој го имаа за време на снимањето на серијата „Пријатели“. Тоа најдобро се сфаќа додека се гледа серијата и кога ќе се забележат некои модни комбинации кои се во тренд и денес, а гледањето на една епизода е доволно за да пронајдеш инспирација за твојата следна модна комбинација. Ние издвоивме некои од највпечатливите кои овие девојки ги носеа, а кои се во тренд и сега.
# Тексас комбинезон
Ова е многу популарно модно парче и денес, а девојките не ги носат само во текот на летото, туку и во есен, како и во пролет. Еден таков модел носеше и Рејчел Грин во оваа популарна серија.
# Тесен црвен фустан на прерамки
Моника доминира во епизодата во која го носеше овој прекрасен црвен и тесен фустан на прерамки, кој се носи и денес. Иако е во една боја и без впечатливи детали, секако е елегантен самиот по себе.
# Краток фустан со копчиња
Ако нешто моментално се носи, тогаш тоа се дефинитивно фустаните кои се закопчуваат на средината. Моника во еден таков во мини издание се појави во една од епизодите, а и денес се популарни и тоа во сите модели (мини, миди и макси).
# Ролка без ракави во комбинација со здолниште
Уште еден од трендовите кој се носеше во времето додека се снимаше серијата, а кој се носи и денес, се овие ролки без ракави. Рејчел една таква искомбинира со тесно и кратко здолниште, а оваа комбинација и денес би била хит.
# Црн фустан со еднобојна маица
Фиби изгледа предобро во оваа модна комбинација. Во прашање е фустан со копчиња, но и прерамки, под кој има облечено маица на долги ракави. Ваквата комбинација се носи и денес, бидејќи девојките често ги комбинираат летните фустани на прерамки со еднобојни маици кои ги облекуваат под нив.
# Краток топ со широки панталони со висок струк
Оваа облека е можеби најдобрата копија на денешната мода. Станува збор за поширок модел на панталони кој наликува на мама фит модел и краток топ во боја што одлично се вклопува со овие фармерки со висок струк. Токму оваа комбинација ја носеше Моника, а денес ја носат многу девојки.
# „Оверсајз“ кошула
Сите предимензионирани модни парчиња, мометално се ИН, особено предимензионираните кошули. Некои девојки купуваат такви кошули дури и во машкиот оддел, само за да изгледаат што е можно пошироки. Очигледно е дека овој тренд се носеше и за време на снимањето на серијата „Пријатели.
# Фустан со паф ракави
Фиби носеше прекрасен фустан со паф ракави, а токму тоа се носи и денес. Не само што се носат такви ракави, туку се носат и такви детали какви што има таа на фустанот.
фото: Принтскрин / Инстаграм