Рекламите на Нетфликс и спречувањето на споделување на лозинки пристигнуваат до крајот на годината: Дали ќе плаќате повеќе?
Нетфликс до крајот на годината би можел да воведе поевтино, пониско ниво на претплати кои ќе имаат реклами, што е порано од тоа што се очекуваше, им кажала компанијата на вработените, пишува „New York Times“.
Во пораката до вработените исто така се наведува дека Нетфликс, во истото време планира да почне да го спречува споделувањето на лозинки помеѓу својата база на претплатници.
Минатиот месец, Нетфликс ги изненади сите кога соопшти дека ќе воведе пониско и поевтино ниво на претплата кое ќе има реклами, откако со години зборуваше дека рекламите никогаш нема да може да најдат на оваа платформа.
Тоа не беше единственото изненадување, гигантот исто така соопшто дека за првпат во скоро 10 години изгубил претплатници, поради што вредноста на компанијата значително опаднала.
Потпочно, Нетфликс минатиот месец извести дека има 221 милион претплатници, што го прави лидер на пазарот, но дека изгубил околу 200.000 корисници во првиот квартал на 2022 година. Како тоа да не било доволно, гигантот очекува да изгуби уште два милиони претплатници во вториот квартал.
Во тоа име, одлучиле да се позанимаваат и со долгогодишната традиција за споделување лозинки, односно да се обидат да го спречат тоа.
„Ќе се погрижиме корисницните кои ги споделуваат лозинките надвор од нивните домаќинства да го направат тоа безбедно, со мало зголемување на цената“ - соопшти тогаш компанијата.
Според некои индикации, сите оние кои ја дале лозинката на некој со кој не живеат, ќе треба да плаќаат и до три долари повеќе на месечно ниво. Ова во суштина ќе го спречи споделувањето на лозинки, бидејќи има мал процент од оние кои ќе продолжат да го споделуваат својот профил, ако треба да платат повеќе.
фото: unsplash.com