Ремек-делото на Илина ја извади мама Сара Мејс од такт: Боже дај ми смирение дур се врати од градинка (ФОТО)
Илина покажа како детската игра претставува хорор за родителите...
Пејачката Сара Мејс е една од оние познати личности која својот приватен живот не го крие од јавноста и со своите обожаватели често споделува приватни фотографии и видеа. Во многу од нив главните улоги ги имаат нејзините деца - ќерката Илина и синот Кирил.
Со последната во низата вакви објави, Сара покажа со што малата Илина успеала да ја извади од такт. Имено, девојчето ѝ се потпишало на автомобилот, секако длабоко врежувајќи ги буквите.
Со оваа „игра“ Илина сериозно ја налути мама Сара, а тоа може да се види и по сторито и описот кој го напиша пејачката.
„Не ми се верува“ - го започна своето излагање мама Сара, додавајќи налутени емотикони покрај текстот.
„Што да ѝ направам на демонката сега? Леле, леле... Боже дај ми смирение дур се врати од градинка“ - заврши Сара, а целата објава ја заокружи со насловната песна од познатиот хорор „Psyho“.
Каква казна ќе добие Илина за ова ремек-дело и дали мама Сара успеала да остане смирена, останува да видиме во некое од следните објави на пејачката.
фото: Принтскрин / Инстаграм