Решаваат проблеми што не постојат: Бизарни пронајдоци што од глупавост се генијални

Решаваат проблеми што не постојат: Бизарни пронајдоци што од глупавост се генијални

Звучи чудно, но поинаку не може. Кога ќе видиш за кои производи станува збор, ќе ти стане јасно.

Не сте знаеле дека овие работи ви се потребни во животот, но откако ќе ја погледнете оваа листа, со сигурност ќе најдете нешто што би ви било потребно! Можеби ланче со канчиња за храна? 

Постои еден Инстаграм профил кој е вистински рудник за глупости. Или можеби не се глупости. Станува збор за профилот на човекот по име Мет Бенедето кој се занимава со смислување на најчудните изуми кои може да ги замислите. Самиот за себе вели дека токму со овие изуми ги решава проблемите кои не постојат. Но, не сме сигурни дека би се сложиле со тоа. Некои од овие изуми, колку и да се бизарни, всушност се корисни. На Инстаграм профилот под назив Unnecessary Inventions ги споделува своите необични изуми, а за секој ја објаснува функцијата. Некои од нив можеш да си ги купиш од неговата официјална страница. Ние ти издвојуваме 5 изуми кои се неверојатни, а истите мора да ги погледнеш и да знаеш дека такво нешто е можно и дека постои. 

# The Nuggie Necklace (Ланче за chicken nuggets)

Ова е создадено за најголемите љубители на chicken nuggets. Можеш да ги јадеш кога било, каде било, само треба да ги извадиш од привезоците на ланчето и да уживаш додека сите љубоморно гледаат во тебе.

# The Sobbing Spectacles (Очила за плачење)

За сите емотивци кои пуштаат солзи додека гледаат романтични филмови, додека пред нив се случува нешто преслатко... тука се очилата со сунѓери кои ќе ги впиваат твоите солзи, наместо да ти се слеваат по лицето. По едно користиње едноставно ќе ги исцедиш, испереш и подготвиш за следната критична ситуација.

# Bang Brows (Екстензии за веѓи)

Биди кул и постави го новиот моден тренд - долги веѓи. Можеби малку ќе ти ги прикриваат очите, но и тоа не е лошо. Кога ќе видиш дека од спротивната страна ти се приближува личност која не сакаш да ја видиш, едноставно стави ги твоите екстензии на веѓите.

# Sleep Snorkel (Перница со цевка за воздух)

Имаш ли некогаш потреба да ја ставиш перницата на глава и така малку да си поспиеш? Доколку да, но брзо снемуваш воздух, овој изум е решение за твоите проблеми. Во перницата е вградена цевка преку која ќе ти дојде воздух, додека одмараш со перница на глава.

# EasyReader (Раце за држење на книга)

Без разлика дали сакаш да читаш или со книгите се дружиш за време на учењето, овие раце ќе ти помогнат книгата да биде пред тебе, но и да не почнат да те болат рацете. Затоа што нема да мора да ја држиш книгата во раце, можеш рацето да ги искориш за нешто друго - на пример да јадеш. Учете и јадете во исто време, без никаков проблем.

Можеби ќе ве интересира: