Ретко зборува за својата приватност, но сега направи исклучок: Анастасија Ражњатовиќ проговори за заедничкиот живот со момчето

Ретко зборува за својата приватност, но сега направи исклучок: Анастасија Ражњатовиќ проговори за заедничкиот живот со момчето

Објавена во: Живот // Живот

Анастасија од неодамна живее во стан на Врачар, наместо во семејниот дом.

Пејачката и нејзиното момче Џорџе Куљиќ направиле, како што вели, важен чекор по двегодишната врска.

„Бев самостојна и пред да ја променам локацијата на живеење. Мислам дека тоа не донесе никакви енормни проми во мојот живот. Се грижам за себе и имам доволно години да можам да донесам некои одлуки сама, без ничие суфлирање или мешање. Секако и кога се финансиите во прашање“ - објасни Анастасија, па потоа додаде:

„Не зборувам за емотивниот живот, но може да се сконцентрирам на ова прашање како некој мој став и да го генерализирам. Мислам дека тоа е секако важен чекор во односот на две личности кои се во врска, бидејќи дури тогаш навистина можеш да запознаеш некој кога сте постојано заедно. Па, со самото тоа знаете дали сте еден за друг или не сте. Доколку научите да го прифатите вашиот партнер како личност која покрај многуте добри страни има и мани, тогаш сте подготвени да го креирате животот со неа.“

Првите денови од август Анастасија ги поминува на одмор во Црна Гора. Бидејќи сега ги полни батериите, кога ќе се врати започнува со работа, а тајната на нејзиниот успех е вербата во себе, како и креативноста, иновативноста и трудот.


Извор: glossy.espreso.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: