Ријана „тежи“ 600 милиони долари, а по улиците на Њујорк се прошета како целиот нормален свет

Ријана „тежи“ 600 милиони долари, а по улиците на Њујорк се прошета како целиот нормален свет

Објавена во: Мода // Moj стил

Сите ги изненади со комбинацијата...

Американската пејачка со потекло од Барбадос, Ријана е уловена додека изглегуваше од една зграда во Њујорк, а во таа прилика беше скоро непрепознатлива.

Имено, пејачката носеше спортска капа со која ги сокри своите убави очи, додека остатокот од лицето го немаше прекриено со заштитна маска, па многумина ја критикуваа поради тоа.

Таа беше на куглање со псвоите пријатели, а подоцна им се придружи и нејзиното момче Асап Роки, со кој е во врска подолго од една година.

Иако од прва никој не ја препозна, таа секако го привлече вниманието на папараците кои ја следат во чекор, бидејќи се прошета во многу краток црн фустан и џемпер кој беше подолг од фустанот, а ги откри и своите долги, затегнати нозе.

На нозете имаше бели сандали на врзување, а папараците ја препознаа по препознатливите тетоважи кои ги има на стапалата.

Фановите ширум светот се воодушевени од тоа како изгледа пејачката и со нетрпение го чека нејзиниот нов музички албум.

фото: Prodimedia

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: