Рики Мартин го покажа синот: Сега на сите им е јасно дека од својот татко ќе наследи титулата заводник (ФОТО)
Рики ги почести обожавателите со фотографија од еден од неговите близнаци...
Латиноамериканскиот заводник Рики Мартин, приватноста ја чува само за себе и ретко споделува семејни фотографии. Тој овој пат направи исклучок и ги почести обожавателите со фотографија од еден од неговите близнаци.
„Повеќе не е бебе. Мојот син Тино, 14 години“ - напиша тој во описот на фотографијата.
Веднаш по објавувањето многумина констатираа дека Тино неверојатно многу личи на својот татко, и нема сомнеж дека ќе ги крши срцата на многу девојки, секако кога ќе порасне.
Познато е дека Рики близнаците ги доби со помош на сурогат мајка, како и дека за ангелот како неговата сурогат мајка ќе го даде животот, бидејќи таа му го дала најголемиот подарок на светот.
Познатиот пејач ги скрши женските срца ширум свеотт кога објави дека е геј, а пред две години заплови во брачните води со својот партнер, со кој доби уште две деца, ќерка и син.
фото: Принтскрин / Инстаграм