Рита Ора на јахта ја покажа својата неверојатно добра линија: „Ти си буквално најубавата жена на светот“ (ФОТО)
Таа
одмараше со пријателката на популарниот шпански остров Ибица...
Американската пејачка со албански корени Рита Ора (32) го покажа своето „извајано“ тело на новите фотографии овогодинешниот одмор.
Рита позираше во сребрени бикини на јахта, а освен кристалното море, фановите не можеа а да не ги забележат нејзините свршени стомачни мускули. Одличниот изглед не остана незабележан и од страна на следбениците кои оставаа пофални коментари под фотографијата, меѓу кои најчесто може да се прочита „Ти си најубавата жена на светот“.
Инаку, пејачката оваа година се одмара со својата пријателка, а за одмор годинава го избраа популарниот шпански остров Ибица.
Да потсетиме, таа минатата година се омажи за новозеландскиот актер, режисер и оскаровец Таика Вејтити (48). Парот се венча на интимна церемонија во Лондон, а дури на првата годишнина решија да споделат детали и фотографии од венчавката.
Фото:ritaora/instagram