Рита Ора признава: Спијам со мајка ми во кревет кога ќе ми дојде на гости
Пејачката Рита Ора во едно од последните интервјуа за магазинот Marie Clariе изненади со коментарите за сопствениот љубовен живот. Признава дека многу лесно се заљубува, а кога ќе се заљуби, сака силно.
„Луѓето сакаат да знаат многу за мојот приватен живот и тоа на некој начин го прифатив. Но, она што го научив за љубовта е дека таа моментално не е мој приоритет и мислам дека не била веќе подолго време. Не знам, секогаш многу сакам и многу силно се заљубувам“ - вели Рита Ора.
Она што обожавателите ги изненади е признанието дека и денес, со полни 28 години, сака да спие во ист кревет со мајка си Вера, бидејќи сака да се гали и биде третирана како мало дете. Причината поради која се уште ја има оваа навика е тоа што понекогаш се чувствува осамено.
„Цело време ја молам мајка ми да остане кај мене. Кога таа е дома, се чувствувам сигурно. Понекогаш се чувствувам осамено и сакам кога мајка ми готви. Сакам кога ме третира како мало дека, иако сум возрасна“ - призна пејачката.