Роберт Билбилов со ремикс на „Не сум твој тип“
Докажаниот македонски композитор, пејач и продуцент Роберт Билбилов сними ремикс на „Не сум твој тип“, деби-синглот на триото „Дупер“ кое е вистинско освежување на македонската сцена.
„Од толку слушање на песнава, направив ремикс. Се надевам дека ќе ве разигра“, напиша Билбилов и призна дека е голем фан на музиката на бендот.