Роберт Патисон призна дека едвај чека да влезе во костимот: Како ќе изгледа новиот Бетмен?

Роберт Патисон призна дека едвај чека да влезе во костимот: Како ќе изгледа новиот Бетмен?

Објавена во: Stars // Филм

Дали Патисон ќе биде достоен наследник?

Режисерот Мат Ривс конечно се одлучи да одговори на прашањата на фановите на Бетмен за тоа како Роберт Патисон ќе се снајде во улогата на познатиот суперхерој. Како ќе му стојат наметката и иконската маска?

Ривс на својот Твитер провил сподели видео од Патисон во познатиот костим и на публиката и даде можност да погледне што ја очекува. Видеото почнува со застрашувачка мелодија. Патисон полека излегува од мракот, чекори во темниот кадар со црвено светло, каде неговиот Бетмен костим полека доаѓа во фокус.


Минатиот септември, Патисон за „Variety“ рече дека израснал како голем фан на фимовите Бетмен, кој ги режираше Тим Бартон. Кога слушнал дека Мет Ривс планира да направи римејк, започнал активно да се бори за улогата.

„Бетмен ми е на ум веќе некое време. Апсурдно е да кажа, но е така. Упорно пробував да му се наметнам на Мет, но тој не прифаќаше. Бев упорен во желбата да се сретнам со него.“ - изјави Патисон.

Премиерата на Бетмен е закажана за 25 јуни 2021 година.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: