Роден е без очи и мајка му го оставила: На Божиќ за првпат доби топол дом
Напуштеното момче родено без очи во Русија пронајде нов дом за Божиќ, соопштија од руската социјална служба.
Александер, осмомесечното момче попознато како Саша, има екстремно ретко медицинска состојба, а е здраво момче. Луѓето ширум светот се распрашуваа за да го посвојат Саша кога медиумите ја пренесоа неговата тажна приказна пред околу два месеци. Официјалните лица посвојување во Томск сега објавија дека пронајдоа топол дом полн со љубов во Русија и дека момчето е веќе со нив на пробен период, пренесува Daily Mail.
„Малиот Саша е предаден на руско семејство од друг град. Тоа се случило минатиот месец. Не можеме да откриеме повеќе детали за тоа семејство“ - рече потпаролката на службата.
Светлана Сирова, новинарката која ја откри приказната за Саша, рече дека „божиќната магија“ довела до посвојување.
„Ќе има сестри со кои ќе си игра во своето ново семејство и викенди. Им благодарам на сите кои се грижеа за неговата судбина“ - рече таа.