Роден е со оштетени нерви, имал говорна маана, децата го мачеле: Силвестер Сталоне - горд татко на три и холивудска легенда

Роден е со оштетени нерви, имал говорна маана, децата го мачеле: Силвестер Сталоне - горд татко на три и холивудска легенда

73-годишниот актер запаметен по улогите на Рамбо и Роки, неодамна прослави 23 години годишнина од брак со сопругата Џенифер. Двојката првично се запознала во 1988 година и започнале врска која завршила во 1994 година, кога актерот имал врска со манекенката Џенис Дикинсон.

Тој се помири со Џенифер во 1995 година и ја добија ќерката Софија во 1996 година, па се венчаа на граѓанска церемонија во хотелот „Дорчестер“ во Лондон на 17.05.1997 година.

Заедно, актерот и поранешната манекенка имаат уште две ќерки Систин, 1998 година и Скарлет, 2002 година.

Софија, Систин и Скарлет

По 40 години филмска кариера, легендари улоги и заработка од повеќе од две милијарди долари на благајните во кината, нема никаков сомнеж дека Силвестер Сталоне е холивудска легенда и дека веќе со децинии медиумите пишуваат за секој негов потег. Меѓутоа, постои и нешто што обожавателите не го знаат за него.

Сталоне се родил намуртен. Имено, на 6 јули 1946 година во една њујоршка болница, докторите имале полни раце работа да ја породат неговата мајка. Морале да користат акушерски клешти.

Мајкл Силвестер Гарденцио Сталоне, син на италијанскиот имигрант, се родил со врескање, кое ги оштетило неколку од неговите фацијални нерви на очните капаци и усни. Затоа секогаш изгледа како да набљудува со потсмев.

Исмеван поради говорната маана и отфрлен од училиштето, одлучил да го следи патот на неговиот омилен бодибилдер Стив Ривс. Теретаните во тоа време биле ретки и скапи, па за да изгради свои справи, одел во локалниот авто - отпад, каде што тренирал на старски начин.

Тој не е некој кој е предодреден за голема академска кариера. Тоа не можело да се очекува од бестрашното момче склоно кон тепачки. Бил исфрлен од точно 14 училишта, па така неговата мајка Џеки измислувала разни изговори за да го извлече од неволите, а училиштето го завршил на Американскиот колеџ во Швајцарија.

Планинскиот воздух и позитивното окружување силно влијаеле на младиот Сталоне. Таму се случил и првиот контакт со глума. Првата улога ја остварил на часот по глума во училишните претстави. Многу брзо се заљубил во оваа професија.

За да успее да се запише на добро училиште за глума, бил подготвен на се - но, и приморан да работи разни работи. Бил фризер, чистач на лавовски кафези во зоолошката градина, но и чувар во кино.

Малку е познато дека пред она во кое имаме можност да уживаме, Сталоне напишал неколку верзии за сценариото за „Роки“. Идејата била Роги да умре во второто продолжение, а потоа и во петтото. Меѓутоа, малку поради своите фанови, малку поради фактот дека франшизата носи огромна сума на пари, овој план не е спроведен во дело.

Италијанскиот пастув морал да го совлада својот страв од висина на најтежок можен начин - снимајќи го филмот „Алпинист“, додека од клаустрофобијата се спасил снимајќи го „Светлината на денот“. 

Добил многу големи пофалби за филмот „Земја на полицајците“ во кој глумел со Де Ниро, Кајтел, Лијот. За потребите на улогата на полицискиот шериф Фреди Хелфин, се поправил 20 килограми. Тоа довело до големи здравствени проблеми - добил висок крвен притисок и проблеми со грбот.

Остатокот од приказната сигурно го знаете, но мора да се признае дека овој актер немал лесен почеток. Оваа негова приказна служи како мотивација за многу млади, кои доколку ги следат своите соништа еден ден навистина ќе ја постигнат својата цел.


Можеби ќе ве интересира: