Роден со два проценти мозок, успеа да ги победи сите мрачни прогнози на лекарите: Неговиот сон е да скија и да сурфа
Светските медиуми пред 11 години пишуваа за малиот Ноа Вила - момче кое е родено со само два отсто од мозокот. Тогаш лекарите верувале дека, доколку преживее, ќе живее во вегетативна состојба, но Ноа ги убедил во спротивното.
Имени, Ноа развил редок синдром кој го погодува мозокот уште додека бил во утробата, а неговите родители биле советувани да ја прекинат бременоста, но тие тоа го одбиле.
- Плодот беше на одредена возраст и не сакавме да ја прекинеме бременоста. Мислам дека некои помлади парови во оваа ситуација би се согласиле на таа опција. Сакавме да му дадеме шанса на Ноа за живот. И се исплатеше - вели мајката Мишел.
Таа и нејзиниот сопруг Роб паднале во очај кога лекарите им ј соопштиле прогноза.
– Кога се породив, лекарите ми рекоа дека е малку веројатно Ноа да преживее, и дека дефинитивно ќе биде во вегетативна состојба – се присетува Мишел.
Ноа сепак ги надмина сите прогнози на лекарите. Во првите три години од неговиот живот му се развиле 80 отсто од мозокот, на општо чудење на лекарите кои го нарекоа медицинско чудо.
Ова особено се должи на извонредниот напор на родителите, кои биле решени нивниот син да преживее и да прооди еден ден. Ги посетиле најголемите светски експерти и го однеле на терапија, а клучниот момент бил кога слушнале за неврофизиолог од Австралија.
Третманот што го доби Ноа во Австралија се нарекува „неврофизика“ - мешавина од физиотерапија и когнитивни вежби.
Денес, на 11 години, научи да зборува и се надева дека ќе може сам да оди, да сурфа и да скија.
- Беше апсолутно задоволство да го видам како расте и да го гледам како уникатно момче како што е. Неверојатно ми е колку е паметен. Поминавме многу време со него и секој ден прави нешто што ме импресионира - заклучува Мишел, цитиран од „Најпост“.