Родена е во 2003 година: Поради новата девојка на Леонардо Дикаприо се вознемири цел Твитер (ФОТО)

Родена е во 2003 година: Поради новата девојка на Леонардо Дикаприо се вознемири цел Твитер (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Актерот не сака да застане и секој пат одново шокира со изборот на своите девојки...

Социјалните мрежи прилично се размрдаа кога холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо (48), се прошета со својата нова девојка Еден Полани, која има само 19 години.

Еден е француско-израелски модел и е скоро 30 години помлада од актерот, што е вистински скандал за јавноста. Иако ниту едниот, ниту другиот не ги потврдија, а ни демантираа овие наводи, доколку тоа е точно, манекенката би била најмладата девојка на Лео, ако се земе предвид неговото познато правило 25.

Голем број корисници на Твитер „удрија“ по актерот поради оваа разлика во годините и мислењата кои преовладуваат велат дека овој пат претерал.

Тие за првпат се видени заедно на една прослава во Париз, за време на која актерот не се одвојувал од манекенката, а таа многумина ги потсети на Марго Роби и Џиџи Хадид, со која исто така неодамна го поврзуваа.

За да ја прикажат разликата во годините, на Твитер направија споредба и ги прикажаа Педро Паскал и Бела Ремзи, помеѓу кои е истата разлика во годините. Тие глумеа во серијата „The Last of Us“ и познато е дека имаат однос како татко и ќерка, па на социјалните мрежи се обидоа да го споредат тој однос и односот на Лео кон Еден, кој за многумина е неприфатлив.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: